Втора доза вакцина примиле 623.278 граѓани

/

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 758.622 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и саботата примиле 4.019 граѓани, а вкупно се вакцинирале 23.221 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.381.901 дози вакцини, а втора доза примиле 623.278 граѓани.

Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.



Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Извор: Темите

Претходна статија

Заев: Успешните економски политики даваат резултати, историски раст на БДП, просечната плата расте

Следна статија

Мицкоски: До вторник Филипче да поднесе оставка до Собранието, во спротивно ние ќе поднесеме предлог за разрешување

Најново од Вести