ВТОРИОТ ТЕЛЕФОН НА ЈАНЕВА „ФОРЕНЗИЧКИ“ ИСЧИСТЕН
Во вториот „изгубен“ телефон на Јанева не било најдено ништо, а во првиот „ништо посебно“, пренесува „Дојче веле“. Истрагата ќе продолжи во втората половина на август, кога обвинителите ќе се вратат од одмор.
Вториот телефон на Катица Јанева бил комплетно форматиран и со нов Icloud. Тоа е истиот телефон за кој синот на Јанева тврдеше дека е е изгубен во Белград, но истрагата го пронајде кај сестрата на неговата девојка.
Претходно заврши и вештачењето на првиот телефонот на Јанева, но за него од Обвинителството велат дека „не е најдено ништо посебно“, што би било од интерес за истрагата за случајот „Рекет“ во која засега се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски.
Според истрагата, немало докази кои би можеле да индицираат на евентуална инволвираност на Јанева во случајот што тие го истражуваат.