ЗА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 292 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

//

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционираа 292 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 1-ви до 8-ми јули годинава со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 147 непрописно паркирани возила, од кои две несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби. Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 145 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.



Претходна статија

АЛБАНИЈА ОТКАЖА УЧЕСТВО НА САМИТ ПОРАДИ КОСОВО

Следна статија

ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА ВО ВАЛАНДОВО ЗА 24 ПАТ ПОДАРИ КОЛОРИТ И ИНСПИРАЦИЈА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да