ЗА ГАЌИТЕ И ФАРМЕРКИТЕ НА НАШИОТ ПАТ КОН ЕУ И НАТО
Иако официјално никогаш не се соопштени сите симпатии, роднини, сопруги ем сопрузи, соседи и соселани, сограѓани и малограѓани, ангажирани од „супер хероите“ на СЈО, познатиот за јавноста, Александар Тортевски, го опиша своето искуство од советувањето во Специјалното јавно обвинителство.
Сепак, изјавата на Тортевски во која опишува како му понудиле парична награда за да влијае на одредена истрага, ниту тогаш, ниту пак сега, оваа изјава не предизвикува внимание кај најповиканите и најплатените „борци“ против криминалот. Тие имаат далеку поважни обврски на ум – да си купат фармерки, по некоја ташна, да ја проверат есенската понуда на Сваровски, да собираат утринска роса и сл.
Навистина, ништо ново во добро разгазените обувки на корумпираната Република. Така заглавени меѓу блесокот и диктатурата, никој надвор од оваа конспиративна зделка не е заинтересиран ниту за историскиот октомври, ниту за СЈО, ОЈО или ЈОЈО. Разбирливо, повеќето од нас не го поседуваат главното платежно средство на таквата Република – лепено ли, сечено ли, со слика ли – колекционерски собрано и документирано, подготвено за наддавање на нивната чудовишна берза.
За „пастирското стадо“ се резервирани по 36 денари гратис, болници во кои ќе се заразиш, партиски јуришници кои се на платена терапија по институциите, систем кој почива на страв или клиентелизам – другите просто се непотребни!
Автор: Петар Колев, претседател на ГДУ