| |

За лагите и идентитетот

Пишува: Тони Коцев

Пишувањето на историјата од страна н а југословенските власти по втората светска војна со цел да се утврди македонскиот идентитет ( во рамките на федерацијата ) има комплексни последици во деншниов современ контекст . Тоа вклучуваше реинтерпретација на историските настани и личности , како и преобликувањето на колективната свест за етничкиот и национален идентитет на Македонците. Ова историско моделирање беше дел од пошироката југословенска политика .

Во ерата на интернет и слободен пристап до информации , оние што ги интересира се полесно можат да истражуваат историски факти и документи . Со откривање на разликите помегу официјалната историографија и автентичните документи се создава конфузија во идентитетот ! Ова го отежнува процесот на создавање стабилен национален наратив . Зошто мислам така ? Секој нов автентичен , оргинален податок и информација , кој не се софпага со про-југословенската наметната историја , предизвикува сомневање и дезорентација.

Создавањето на идентитет базиран на историски прикаски , наместо документирани факти , предизвикува идентитетска криза кај сегашните генерации . Во услови кога историските факти се лесно проверливи , потребен е балансиран и фактографски пристап за наративите и прикажувањето за настаните од минатото . Користењето на историјата за политички цели може да има длабоки последици за македонското опшество . Кажано на по прост и едноставен начин – прифакањето на историската вистина , колку и да е непријатна е клучен фактор за стабилност . Историјата била таква како што била , тоа никој не може да го промене. По храбро само, мили Македонци , идентитетот никој нема да ни го земе , а со лаги можеме да го изгубиме .



Слични Објави