За Македониja „со дух и вистина“

//

Пишува: Монах Калистрат/ Зографски манастир

Од 5 јули 1925 г. Бугарите од Македонија го сметат православниот празник Свети Дух или Духовден за Ден на Македонија. Това е објавено два дена порано на насловната страна на весникот „Независима Македония“ До 1934 пред кругот „Звено“ да дојде на власт и Бугарија да заземе курс за поврзување со Франција и Англија, а исто така и нивниот стратешки сојузник на Балканот-Србија, Денот на Македонија се одбележува во цела Бугарија од Бугарите избркани од своите родни места, во држави во кои со децении ќе биде престап да се нарекуваш Бугарин.

Од гледна точка на Православието, сите верници се Божиј народ. За Бог нема значење дали си елин, евреин или скит, како што пише апостолот во своето послание. Важното е да се следат Божијте заповеди- сакај го Бог и сакај го својот близок, бидејќи во него е Божијот лик. Љубовта кон Богот во Три лица, трето го симболизира Светиот Дух, љубовта кон вистината, бидејќи од Него е и заповедта: „Бог е дух и тие кои му се поклонуваат, треба да се поклонуваат со Дух и вистина“ (Јоан 4:24)

Како православни христијани не можеме да се поклонуваме пред Бог-Свети Дух со лага, којашто некој сака да ја замени бугарската историја, поврзана со Македонија. Поклонувајќи му се на Бог со измамата родена во сатанистички дувла, што ја менува нашата историја, ние го богохулиме Светиот Дух, а богохулењето на Светиот дух е смртен грев.

Од нас се бара да извршиме смртен грев, демек тоа е гаранција за мирот на Балканот!

Неодамна БПЦ беше објект на необичен рекет, во којшто беше вовлечена од дел од нашата интелигенција-да ја признаеме создадената во Белград во 1962 г. под диктат на југословенските тајни служби- „македонска црква“, а таа од своја страна ќе ја признаела БПЦ за своја Црква-Мајка. Образовани луѓе, со научни трудови и професорски титули, сметаат дека таков потег е нормален-мајчинството да се договара. Истото или постои или не постои.

Пред извесно време, граѓанин на РС Македонија ми се налути, бидејќи го нареков Бугарин. Тоа било голема навреда. Зошто го сметаш за навреда, го прашав. Јас самиот сум Бугарин и сметам дека тоа е нешто убаво. Кога те нарекувам Бугарин, јас ја делам со тебе мојата историја, мојата љубов кон родината, те сметам за достоен човек, а како основ за тоа е фактот дека твоите предци се сметале себе си за Бугари.

Човекот не беше подготвен за таков одговор и не ми кажа ништо.



Не инсистирам да се сметаш себе си за Бугарин, продолжив јас. Сметај се за каков што сакаш. Ќе биде навредливо за тебе, ако ти кажам дека не си достоен да бидеш Бугарин, но јас поради човечка слабост веќе го мислам тоа.

Биди таков каков што сакаш, но не посегај кон мојата историја! Не посегај кон моето историско наследство, во коешто не се важни воените победи, туку фактот што делиме иста вера во единствениот Бог со нашите браќа словени, како што Христос им рекол на апостолите: „Добивте даром-давајте даром“ (Матеј 10:8)

Довчерашните предавници, што сороботувале во убиствата и трагичните судбини на стотици илјади Бугари, кои не се откажале од својот корен, предавниците на својот народ, агентите на истите служби, ќе лажат до крај, бидејќи ги е страв да ги видат своите престапи обелоденувани.

Треба се разбира едно нешто да биде јасно;

„Нема ништо скриено, што нема да се открие и нема таа што нема да се дознае“(Матеј 10:8). Ако денеска се согласиме со лагата или ако некој зависен од власта политичар си дозволи од името на сите Бугари да ја предаде нашата историја, тој ќе биде разоткриен уште додека е жив и ќе влезе во вечната смрт како богохулник на Светиот Дух. Ќе настрадат и сите оние коишто молчеле. И тие и нивните потомци.

Бог да ја чува Бугарија! Амин!

Извор: 24 часа

Претходна статија

Нешков: Целта на еуфоријата во РС Македонија е нова анти-бугарска кампања

Следна статија

Петар Богојески со пофалби до Бугарскиот културен клуб Скопје-БККС

Најново од Истакнато