| |

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН РЕЧИСИ 200 КАЗНИ ЗА ВОЗАЧИТЕ ВО СКОПЈЕ

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај синоќа од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 47 возачи. Откриени се и 42 останати прекршоци.

Слични Објави