| |

„Азовстал“- Епопејата на Ножот!

Пишува: Владимир Перев

Што се случува со државата Бугарија и што се случува со бугарскиот народ, познат по своето херојство и човекољубие. Каде сето тоа исчезна, каде и кога пресушија извориштата на бугарскиот дух. Што уште треба да се каже од фактот дека Русија е агресорот врз Украина, дека украинскиот народ е подложен на уништување до геноцид и дека му е неопходна помош од целиот свет за неговото опстојување. Каде е тука нашата Бугарија? Никаде. Ја нема, загубена во своите политички и емоционални недоречености, во својот синдром на “пораженство“, во немоќта да се избори со своите сопствени демони.

Не била окупирана само Бугарија по Втората светска војна. И ние, македонските бугари сме биле окупирани уште пред тоа, но никогаш покорени. Спомените од Завојот на Црна, спомените од херојската борба на Дојранската епопеја и врвот “Тумба“, спомените од Битката на “Ножот“ се незаборавот на семејните скаски и приказни.

Денес премиерот на Бугарија ја донира својата едномесечна плата и апелира сите да донираат по една плата за да се помогне на Украина. Ќе организира патување до Украина. Што очекува да види таму? Неверојатно! Видено е веќе сѐ! На украинците не им требаат бугарските плати, ним им треба оружје, дадено со гордост и почести. Оружје за оние од Азовстал/Мариопул и цела Украина, оние кои се “последниот бастион“ на одбраната на демократијата. Тие го даваат својот живот во одбрана на својата држава и сопственото достоинство…ним не им се потребни нашите плати! Тие ја бараат нашат почест кон нив, почест која ја заслужуваат со својата крв и саможртва. Да се потсетиме на времето кога сме биле героични, кога във всички тези боеве българската армия се отличава с невиждан героизъм и показва готовността си да брани своето отечество с цената на всичко. Не по – малко героично сражение е и това състояло се на връх Ножот на 14 юли 1907 г. На тази светла дата от българската история 67 четника от четите на ВМОРО дават живота си в героично сражение с турския поробител. Нека в навечерието […] от битката на Ножот си спомним за подвига на тези 67 български патриоти и нека да сведем глава пред паметта на „ножовци”.

Битката на “Ножот“ не е изолиран чин на отпор кон окупаторот, исто како што и одбраната на Азовстал не е изолиран чин на херојство на украинскиот народ. Да, тука е и длабокиот отпор кон окупаторот /турскиот и рускиот/ , високата организација на одбраната, херојската саможртва на бранителите и помошта на општеството. Затоа да се каже и признае дека “през пролетта на 1907 г. официална България предоставя на Вътрешната организация най-голямата до този момент военна и финансова помощ. Общото количество на дадените пушки, освен мунициите и останалите военни материали е 3300. От тях 2300 са модерните австро-унгарски „Манлихер,” с които е въоръжена по-голямата част от редовната българска армия. […] Ключова роля при набиране на четническия контингент и подбора на войводите играе енергичният Борис Сарафов, който (вече в качеството на задграничен представител) за пореден път успешно използва контактите си с офицерството и управляващите. През пролетта на 1907 г. десетки български войници „дезертират” от своите поделения, за да се включат в подготвяната четническа акция.

Денес го немаме еден Борис Сарафов, блескава личност со целата своја гордост, прелести и маани. Денес имаме една влада во Софија со целата своја поделеност, нерешителност и неспособност за одважна акција. А еден народ умира пред нашите очи, непоразен во своето достоинство. Да, тој е наш братски народ, исто како и рускиот народ. Ама сега веќе нештата се јасни, Русија е агресор, а малку фали рускиот народ да биде прогласен за геноциден…веројатно со право!

Сериозни се проблемите на Софија со себепрепознавањето и со поимањето на важноста на сопствената историја и ролја на Балканот и во Европа. Да не се залажуваме, и ние во Македонија не сме баш далеку од тоа трагично самопонижување. Ако во Бугарија говориме за “рускиот ефект“ врз менталната матрица на обичниот бугарин, или пак на бугаринот од владеачките ешалони, за нас овде сосема спокојно може да се проговори за “српскиот чип“ насилствено вметнат во главата на македонецот.

Македонските бугари никогаш нема да ја прифатат понизноста на Бугарија кон Москва. Нема ниту да го прифатат стравот и сопственото безучастие во помошта од целиот свет кон Украина. Идиотизмите на Путин за “борбата против нацизмот“ во Украина се далеку од здравиот разум, за македонскиот човек тие се неприфатливи. Исто како што се неприфатливи и ставовите на македонскиот председател Пендаровски, за некаков “фашизам или нацизам“ на Ванчо Михајлов. Тој филм сме го гледале уште од времето на Колишевски и Тито, па редно е веќе да престане. Тоа е обично подигрување, евтини ефекти и фарса со историјата!

Сепак, во Бугарија не е сѐ заборавено. Во “Литературен вестник“ од пред некој ден има статија на Пламен Дојнов кој нѐ враќа во не така далечната историја, некаде во военото време 1941-44 година: “…един от най-меродавните ни критици Йордан Бадев негодува че във военно време „няма нищо по-подло и по-пакостно от недомлъвките, усукванията, от лукавата двойственост, и нищо по-достойно, по-наложително и по-плодоносно от ясната обществена позиция“. Смущава го, че мнозинството от българските писатели остават в тази зона на усукването и на лукавата двойственост. Бадев предпочита яснотата във военното време. Затова не е изненада, че скоро след Девети двама души с револвери го отвеждат с джип от овчакупелската му вила в неизвестна посока. Повече никой не го вижда. В крайна сметка замазването побеждава яснотата.“

Несреќниот Бадев, последната голема жртва на веќе згаснатото семејство Бадеви од Битола. Вујко на мајка ми! Едниот Бадев, Иван Бадев, ученик во битолската гимназија е знаменосецот и првата жртва на Илинденското востание во Смилево, вториот, Александар Бадев е убиен од српската кралска полиција, за конечно Јордан да го убијат бугарските комунисти.

Не сакам да верувам дека херојството на бугарскиот народ е завршено со ‘ножовци“ или со трагедиите слични на онаа на Бадевите…а такви ги има многу. На Украина и треба оружје, пушки, муниција, топови, електронски врски, санитетски материјал. Дававме крв за Виетнам и слични глупости, а сега сме стигнале само до платата на премиерот Петков за спасот на Украина и на сите нас. Стравот од Русија /или кај нас од Србија/не вовлече во оваа духовна беда, во ова отсуство на решителност.

Отстапките кон Русија, нема да ја спасат Бугарија. Историјата е нашиот учител. И царска Бугарија не војуваше на Источниот фронт, па тоа не ѝ пречеше на Москва земјата да биде окупирана по 9-ти септември 1944 година.

Падот на Азовстал нема да го промени текот на борбата и историјата. Крајот е јасен, путиновиот империјализам може да не биде поразен, но ќе биде “капсулиран“, затворен во сопственото безумие. Потоа ќе следи внатрешна пресметка, ама тоа е проблем на тамошното општество.

Некаде низ своите спомени, војводата Тане Николов се сеќава за сопствената беспомошност да им се помогне на “ножовци“. Судбината на бранителите на Азовстал веројатно ќе биде слична. Но ние не смееме да сме беспомошни, да гледаме и чекаме…што чекаме, одново ли ја чекаме сопствената окупација?

Затоа… Слава Україні и слобода за сите нас!

Слични Објави