ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ

Балканот единствено место во светот каде начинот на лекување на пациентот е многу поважен од дијагнозата.Дијагнозата е позната пред еден и кусур век ,а сеуште се бара лек и начинот на лекување.Нормалниот Западен Свет завршува онаму каде што отпочнува да се прави БОЗА.”Јужниот Балкан и Медитеранот се тотално шизофрени заради бројот на сончевите денови и аголот на греење на сонцето”-Ова еднаш го изјави генералот Александар Лебед кога ја изведуваше неговата Молдавска агенда,со едно око гледаше накај Белград.Со зголемено подгревање на оваа шизофренија со фејк њус од централите на тој истиот генерал ,дијагнозата ја имаме,лекот сеуште го бараме.
Дијагнозата за Северна Македонија е констатирана,а лекот следи со затворање на проблемите со сите соседи.Важно е да се дадат целокупните права на ентитетите внатре ,посебно на албанците но и да се издржи нивната националистичка адолесценција.И таа како онаа на македонците е во развој и сеуште се формира,развива,зрее и станува паметна.За шотата и смедеревката па до тешкото ќе пишам друг пат и оставам да се лупа сеуште по маси од националистичко претсмртни гневови.Албанците ем Македонците останува да лупаат од Швајцарија до Шведска и од САД до Австралија.Во Македонија полека ги снемува.Ги има по селана дури не се иселат или си купат невести од Албанија.Орлите и Лавовите заминаја по орловите мадиња и опашката на лавот и Покахонтас.
Си размислувам да некаков клуб од Винздор,Канада, Македонски ,појде или покани на посета истоветен клуб на нашите албанци од Швајцарија.Да си најдат лек по дијагнозата.Или нашите од Мелбурн ги поканат Грците на една мастика ,а втората узо.Да си најдат лек оти ова е 2019.
Тел Авив имa нуклеарки ,а Германија НЕ. Но не гледам дека некој во Тел Авив размислува… Како што не размислува Париз или Москва или Англија. Се исклаја колку 20 Македонии . За Јапонија муабет да не правиме. Ебало ве НАТО Бомбардирање врз Република Косово,а не на Србија. Дури филозофирате Косоварите можат јапонци да станат. А,вие и натаму ќе си филозофирате.
СДСМ сега ќе дијагностицираат, односно самодијагностика ќе прават.Тоа е многу по напред од Вмро-Дпмне.Кај овие вториве дијагностиката ќе се прави од надвор со голем отпор на Вмро-Дпмне одвнатре.
СДСМ ќе си направат дијагностика но скептик сум на тоа дека –На грешките учиме,а еве две крупни ,нивни- 2002/3 и 2005/6.Оваа вторава и првата ,Северна Македонија ја чинеа 20-30 милијарди евра.
Толку лекот не го најдоа да Вмро-Дпмне ,со дијагностика без лекарства од Ск2014 до Субрати Рој па до Паљурци и Хунзите успеа да не закопа 11 години во матната и да ги изгубиме овие пари и нешто што не се купува ни со пари-Време.
СДСМ дијагностицира ,а Вмро-Дпмне не се лекува ем не се самодијагностицира. Овој и ваков Вмро-Дпмне ако следни парламентарни избори направи влада тоа ќе значи дека СДСМ се уште во по лоша здравствена состојба од ова Вмро-Дпмне.Тоа ви е како дел од купот на амнестираните 2002 во партиските договори се протне и 2006 и да си дојди на власт.
Дијагнозите се овие .Лекот треба да го одбериме .Да не дојде пак да се дијагностицираме во недоглед.
Велат лекот бил комплексен,нешто метладин и малку угандин.Но за тоа ќе видиме.

Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар