За замена на телата на починатите МЗ вината ја префрла на погребалните служби

/

Министерството за здравство отфрла било каква одговорност за замената на телата на починатите од Ковид-19 бидејќи погребалните претпријатија а не болниците ги доставуваат телата до семејствата.

Во врска со скандалот во Врапчиште каде семејството наместо почината мајка во ковчег добиле возрасен маж, Министерството тврди дека ниту една здравствена установа во државата, ниту КИБФС не направила таква грешка затоа што сите болници и ковид центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на Ковид 19.

„По настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно протоколите за заштита од Ковид 19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото. Погребалните претпријатија, а не болниците, го доставуваат телото на семејството и го организираат погребот“, велат од МЗ.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Спасовски уверува дека мигрантите не претставуваат безбедносен ризик

Следна статија

Млада крушевчанка почина од убод на инсект

Најново од Вести