| |

Заедничка изложба на уметници од Бугарија и РСМ во Европскиот парламент

Во Европскиот парламент во Брисел беше отворена заедничка изложба на ликовни уметници од Бугарија и Северна Македонија. Нејзин иницијатор е известувачот за РС Македонија – европратеникот од „Обнови ја Европа“ Илхан Ќучук.

Изложбата во која се претставени слики од бугарските ликовни уметници Греди Аса, Вихрони Попнеделев, Свилен Блажев, Снежанка Симеонова, Надежда Кутева и Атанас Андасаров од бугарска страна, ја отвори претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

„Бугарија и Северна Македонија ни претставуваат уникатна изложба. Таа ни дава можност да покажеме дека културата и уметноста можат да ни помогнат да ги надминеме предрасудите и навредите“.

Иницијаторот на изложбата Илхан Ќучук во изјава за Бугарското национално радио истакна која е пораката на изложбата.

„Пораките, кои, ако можам да ги сумирам, беа да се даде приоритет на добрососедските односи, заедничките проекти, кои имаат потенцијал, енергија – и политички и граѓански, да обединуваат.“

Слична изјава даде и амбасадорот на Северна Македонија во ЕУ, Зулфи Исмаили.

„Нормално е односите да бидат добри. Илхан (Ќучук) беше меѓу првите што ги сретнав, а меѓу првите беше и амбасадорот на Бугарија. Мислам дека само така – со контакти, со дијалог, можеме да одиме напред. “

„За два дена ќе има изложба на ученици од Бугарија и Северна Македонија и тие ќе покажат како ги гледаат двете земји“, додава Ќучук.

„Има само една цел – да ги зајакнеме односите, да ги направиме така што да можеме да погледнеме малку подалеку во хоризонтот, да направиме така Бугарија и Северна Македонија да разберат дека припаѓаат на простор што е симбол на слободата, демократијата, владеењето на правото и дека овде, во Европскиот парламент, сето тоа се случува“, додава Ќучук.

Слични Објави