| |

Заедно и во добро и во лошо …

Facebook статус на Никица Корубин

Зошто никој не ја демантира флагрантнната лага, која со денови се шири во јавниот дискурс дека “техничкиот премиер доаѓа од партијата со најголем број пратеници во собранието”? Од кој закон е оваа одредба, од законот за Влада, кој е сменет во 2018 и сега гласи вака:

Член 43 од Закон за Влада

“Сто дена пред одржување на избори за пратеници, а со претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство”.

И ајде ако на “десницата” и одговараат манипулации, што и одговара на “левицата” или на “центарот”? Толеранција на истите манипулации и дезинформирање на јавноста, бидејќи законот не одговара на “партиските договори”, па имаме слободно толкување на терминот “најголемата политичка партија”? Единствено ако две партии, во меѓувреме не се споиле, а не сме приметиле ….

Јасно е дека партократијата владее со системот, ама се’ уште владее по законите на системот. Барем про-форма. А, во меѓувреме, ќе чекаме нашите “независни медиуми” да продолжат да ја (дез)информираат јавноста. Или ќе се најде некој “јунак” да ја каже вистината и да ги постави вистинските прашања. Кој што прави, а кој што толерира? И кој во моментов го штити системот од “игрите на партократијата”?



Слични Објави