| |

Заев: Азири разговарал со Бејта за субвенции

Премиерот Зоран Заев изјави дека телефонскиот разговор што го водел обвинетиот во „Монструм“, Фејзи Азири и тогашниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта, бил за субвенции, јавува ТВ24.  Заев изразил подготвеност да се појави во Суд како сведок, ако тоа биде побарано тоа биде побарано од него по официјален пат.

„Јас заради чувството на родители што изгубиле деца навистина им покажав разговори во просториите на СДСМ каде што видовме како едно од осомничените лица, Азири, воедно ѕвони и разгова со Бејта го моли за 450 евра субвенции за земјоделство. Исто на родителите им покажав и со кој разговарале, ги видоа телефоните, јас не можам да бидам истражител, тоа е предадено, процесот се води, се е предадено“, изјави Заев.

Слични Објави