| |

ЗАЕВ: БАЛКАНОТ ВЕЌЕ НЕ Е ТЕМПИРАНА БОМБА, ПРОБЛЕМИТЕ ДА СЕ РЕШАВААТ СО ПРИЈАТЕЛСТВО

Верувам дека Балканот веќе не е темпирана бомба, туку станува европски Балкан каде што се градат мостови на пријателство и се наоѓаат решенија преку дијалог и соработка. 

Убеден сум дека дури и оние решенија кои сè уште не се пронајдени, ќе се најдат со дијалог, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за телевизија Н1.

Прашан за идејата за обединување на Косово и Албанија, тој смета дека не е добра, и оти заедничката иднина на сите земји од регионот е во ЕУ.

– Европа без граници, Европа каде што луѓето работат, соработуваат и комуницираат едни со други. Убеден сум дека овие идеи се идеи на поединци, дека тие се во малцинство и нема да имаат своја иднина затоа што верувам дека подобрувањето на соработката во нашиот регион е дел од нас, изјави Заев.

Говорејќи за Мини Шенген, тој посочи дека тоа ќе им користи на сите и ќе ја унапреди регионалната соработка.

Се надева дека Мини Шенген ќе предизвика сериозно внимание и кај новата косовска влада, но и во Црна Гора и БиХ, бидејќи на тој начин регионот како целина ќе се придвижи многу побрзо кон ЕУ.

Слични Објави