ЗАЕВ: ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ ЌЕ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ОД 300.000 ВАКЦИНИ

До крајот на април Македонија ќе добие 300.000 вакцини против Ковид-19, информираше премиерот Зоран Заев.

loading...

Заев рече дека ќе стигнат дози на руската вакцина „Спутник В“, и дополнителни вакцини како донација од соседна Србија, на што премиерот повторно се заблагодари за солидарноста и поддршката.


loading...

– Очекуваме да стигнат првите количини од оние 651.000 од ЕУ наменети за Западен Балкан, од кои 100.000 се за Македонија, а од нив веројатно 20.000-25.000 треба да пристигнат во наредните денови, следната недела. Односно, официјално објавивме во текот на април, зошто пристигнувањето на вакцините не зависи само од нас, туку зависи и од испорачателот на вакцините. Исто така, очекуваме да стигне првата пратка од Фајзер со кој што имаме договор за 800.000 вакцини, очекуваме да стигне втората пратка од Ковакс механизмот, која е гарантирана за април, очекуваме да стигнат и 200.000 вакцини од Кина, и очекуваме позначителна количина од Спутник, руските вакцини, за кои што исто така имаме договор за 200.000, изјави Заев.