ЗАЕВ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: СЕГА ДА СЕ КОНЦЕНТРИРАМЕ НА ПОПИСОТ И НА ЕКОНОМСКО ЗАЗДРАВУВАЊЕ

Поддршка за уште една кандидатура денеска доби и градоначалникот на Пробиштип, каде што премиерот беше во посета на една компанија.
Јас сум само поединец во внатрепартиската процедура за избор на кандидати за градоначалници и советници, изјави, денеска во Пробиштип, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, коментирајќи повторно за тоа на кои од досегашните градоначалници би им дал поддршка за уште една кандидатура и шанса за нов мандат.

loading...

На неговата листа се најде и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, кој денеска им беше домаќин на премиерот и на вицепремиерот Фатмир Битиќи при нивната посета на компанијата „ТАБМАК“.



loading...

Спомнав претходно, на прва, неколку градоначалници што би ги поддржал повторно – од разни делови во државата. Но гтоа е само мој личен став. Јас сум само поединец и не сумединствен којодлучува во целата постапка за избор на кандидати, која се одвива и во месните и општинските организации на партијата и во централата, а предвидена е и можност за самокандидирање. Но има време за тоа до јуни или јули, кога би почнала процедурата за избор на кандидати“, Сега треба да се концентрираме на работите што претстојат, а кои се мошне битни за државата, како пописот и економското заздравување од ковид-кризата“, рече Заев.