| |

ФИЛИПЧЕ: СЛЕДУВААТ САНКЦИИ ЗА ОНИЕ КОИ ГО ПРЕКРШИЛЕ ПЛАНОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација. 

Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во Ковид центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира. 

Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани.

Реакцијата на Филипче следува откако медиумите објавија дека секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, иако не бил ниту лекар, ниту здравствен работник.



Слични Објави