ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ЌЕ СИ ГИ „МЕРАТ“ НА НЕКОЈА ОД НАЦИОНАЛНИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ

//

Заев ја прифатил поканата за тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тоа денеска го соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Премиерот Зоран Заев е подготвен во секое време и на која било национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел, кој апсолутно ќе се случи, а останува само да се прецизира времето и локацијата“, изјави Бошњаковски.

Последниот лидерски дуел во државава се случи во 1998 година, пред речиси 20 години. Поранешниот премиер Никола Груевски упорно одбиваше да се појави на дуел со било кого од тогашната опозиција. Груевски преферираше да се појавува во емисии во кои водителите му местеа „пенали“, за да може на раат да си ги развие тезите.



 



Претходна статија

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВ КРУГ СЕЛЕКТИРАЊЕ 2018 – ЗА СПОРТСКА АКАДЕМИЈА ЗА УЦЕБНА ГОДИНА 2018/2019

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕПП, ЏОЗЕФ ДОЛ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да