| |

ЗАЕВ: НА 12 МАЈ ЌЕ ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА КОГА ЌЕ БИДАТ ИЗБОРИТЕ

Зоран Заев, претседателот на СДСМ вечерва на гостувањето во ТВ 24 изјави дека на лидерската средба која е закажана од претседателот Стево Пендаровски на 12 мај ќе се донесе одлуката за парламентарните избори.

„Ние сакаме изборите да бидат што порано, затоа што не може да се каже кога ќе се јават повторни можни бранови на коронавирусот. Ние сме без Парламент и без политичка Влада и не можеме да дозволиме државата да влезе во уставни проблеми“, изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ вечерва на гостувањето во ТВ 24.


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ е против свикување на Собранието. Утре Уставниот суд ќе донесе одлука околу ова прашање. До лидерската средба ќе го имаме и нивното решение, така што на 12 мај ќе донесеме одлука кога ќе бидат изборите. Од 12 мај до 14 јуни имаме 32 дена за кампања, рече Заев.

Слични Објави