ЗАЕВ: НЕМА ДРУГ ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ ОСВЕН 21 ЈУНИ

/

Избори ќе има и од тоа нема бегање, не постои друг датум освен 21 јуни, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба кај Пендаровски, пренесува Фокус.

Сепак не одговори, односно рече дека сега нема одговор за тоа дали ќе одат на избори на 21 јуни, ако опозицијата ги бојкотира и за тоа ќе се носи допрва одлука.

Овој негов став, Заев го образложува со тоа што, според него не постои друг правен акт, освен уредбата која ја донесе владата за избори, според која изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојбата. Тој вели дека не постои друга правна алтернатива за избори, а без притоа да бидат прекршени Уставот и законите. Таквите избори, вели Заев, може да го оспори и еден граѓанин.



Претходна статија

НЕМА ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ

Следна статија

(ВИДЕО) ПОЛИЦАЈЦИ ВО ТЕТОВО ТЕПААТ ЧОВЕК НА УЛИЦА

Најново од Вести