Заев: Новиот клинички центар може и да се гради на веќе постојната локација

//

Премиерот Зоран Заев изјави дека постои дилема дали новиот Клинички центар во Скопје да се гради на постојната локација или на нова која би била во областа на Бардовци.

„Додека не ги провериме сите детали и не ја донесеме конечната одлука, ние намерно не бираме надзор. Штом се избере надзорот проектот веќе влегува во постапка на добивање конечни податоци и со рок некаде јуни-јули да почне да се изведува“, рече премиерот.

Но, според македонскиот премиер генералната дилема што е присутна е дали е исправно таму да се гради Клиничкиот центар.



„Впрочем се работи за дел од Клинички центар, значи огромен дел од клиниките остануваат, во еден дел ќе има внатрешна модернизација, еден дел ќе пресели  во самиот објект.  Дел од дилемата е и сообраќајното решение, вели премиерот.

Претходна статија

Драган Спасов Дац: Се каам за синоќешниот настан

Следна статија

Повисока плата за припадниците на АРМ

Најново од Вести