ЗАЕВ: ОЧЕКУВАМ ВО АПРИЛ БУГАРИЈА ДА ФОРМИРА НОВА ВЛАДА ЗА ДА МОЖЕМЕ ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО ПРЕГОВОРИТЕ

Премиерот Зоран Заев очекува во април да биде формирана новата влада на Бугарија и со тоа да продолжат разговорите и да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, бидејќи, како што рече, тоа е интерес за целиот Западен Балкан, на ЕУ, а дефинитивно и интерес на бугарскиот народ.

loading...

-Ги видовме роковите за формирање влада и очекуваме во април да има излезно решение, односно да се формира влада за да можеме да продолжиме со разговорите. Се надевам дека ќе имаат добро излезно решение, пред сѐ во интерес на своите граѓани, на бугарскиот народ и на бугарската држава, но секако тоа е и наш интерес. Се работи за сосед, за пријателска земја“, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција за тоа какви се очекувањата по формирањето на новата влада во Бугарија и дали ќе се укине нивното вето за нашето членство во ЕУ, тој потенцира дека е убеден дека ќе се изнајде решение, но повтори дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик, не биле и не може да бидат тема на разговор и преговори.


loading...

Извор: zoom.mk