| |

Денков и Габриел ќе се сретнат со американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Премиерот на Бугарија академик Николај Денков и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел денеска во Минхен ќе се сретнат со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јавува БГНЕС.

Средбата ќе се одржи за време на Минхенската безбедносна конференција, која ќе трае до 18 февруари.

Настанот во баварската престолнина 60-та година по ред ќе ги собере светските политички лидери, кои ќе разговараат за најгорливите проблеми на меѓународната безбедност.

Фото: БГНЕС



Слични Објави