КОРОНАВИРУС ВО ЗАТВОРОТ ВО ШТИП, ЗАРАЗЕНИ МИТКО ЧАВКОВ И УШТЕ ЧЕТВОРИЦА ЗАТВОРЕНИЦИ
Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност е позитивен на Ковид 19. Според информациите, освен него коронавирус имале уште четворица затвореници во затворот во Штип.
Од затворот велат дека сега состојбата на осудените лица е стабилна и се следи од затворскиот лекар, но и три од осудените лица биле спроведени со полициска придружба на Инфективното одделение во Штип каде им биле направени сите потребни лекарски анализи.
Во ова крило во затворениот дел од затворот има уште 15 осуденици, но тие немале контакт со заразените, ниту пак имаат симптоми.
Како се заразиле Чавков и останатите четворица осуденици, точно не се знае.