ЗАЕВ: ОПОЗИЦИЈАТА Е АУТ И НАВИСТИНА Е ГРОЗНО ТОА ШТО ГО ПРАВИ

„Грозно е ова што го прави ВМРО ДПМНЕ. За тоа како се однесува опозицијата навистина целиот наш народ кажа, гледа, јас искоментирав јавно дека е грозно чуството да се блокира законот за помош на пензионерите, на самохраните родители, на невработените граѓани на кои што треба да се помогне, закони од здравствена заштита да се блокираат во собранието тоа е апслутно недозволиво и го кажувам дека е грозно и овде нема никаква политичка прагма, оправданост или било што.“- ги коментираше Заев протестите на ВМРО ДПМНЕ во интервјуто на Канал 77.

loading...

Тој уште еднаш потврди дека за јазикот и идентитетот не се преговара со Бугарија и оттаму протестите на ВМРО ДПМНЕ за заштита на идентитетот се апсурди.

„Прво раздор дома нема, нема раздор заради тоа што дома сме сите на исто стојалиште, сите го чуваме, заштитуваме, негуваме и во било кое време се бориме за нашиот македонски народ, македонскиот идентите и македонскиот јазик, но не можете истовремено да градите консензус со луѓе кои што се во врвот на раководството на нашиот опонент, како на пример Милошоски вели и Холандија и Данска се заедно со Бугарија за да следниот ден веднаш му реагираат двете земји. Овие луѓе се борат да го заштитат македонскиот идентитет и јазик кој што впрочем нели го изгубивме во Преспанскиот договор, што штитат денеска? Апсолутно ова е само борба за власт и за политички поени.“- дополни Заев.



loading...