ЗАЕВ: ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Со заклучоците на Советот на министрите од Луксембург добивме силно и недвосмислено признание за нашите достигнувања во изминатата година. Добивме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме и за сите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија. Тоа за нас и за граѓаните е многу значајно и ни укажува дека заедничките напори не беа попусто, објави премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.
