ЗАЕВ ПОКАНЕТ НА СОСТАНОКОТ НА ТЕЛОТО ЗА ПОМИРУВАЊЕ

Вести Истакнато Македонија

Премиерот Заев е поканет на вториот состанок на Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување. Заев е поканет да ги образложи своите гледишта на денешниот состанок. Трите работни подгрупи се  однесуваат за реформи, интеграција и помирување. Овие три работни подгрупи ќе имаат можност и право да ја консултираат стручната јавност за прашањата кои ги дебатираат со што се дава инклузивност на целиот процес. Координативното тело за помирување брои 15 члена од владејачкото мнозинство, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои немаат пратенички групи. Во телото не учествуваат претставници на Беса, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.