Заев: Седењето дома е поддршка за опонентот, ги мобилизираме сите гласачи со исти вредности

/

-Стандардните коалициони партнери се обединивме, бевме разводнети и тоа во демократија и слобода се случува, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија.

-Тоа е убавината во една демократија и слобода. Ние имаме заеднички вредности во коалицијата и тоа обединува. Важно е да ги мобилизираме сите гласачи со кои споделуваме заднички вредности, рече Заев.

Тој додаде дека дека треба да се мобилизираат сите гласачи на СДСМ кои решиле да не излезат на гласање.



-Ние не изгубивме од ВМРО-ДПМНЕ, туку од тие што останаа дома. Еден дел адресираа сериозна казна поради ефикасноста во работењето и персонални решенија, заради одлуки на централната власт, но верувам дека го променивме пристап во нашата кампања и единствено можам да кажам дека седењето дома е поддршка за нашиот опонент, истакна Заев.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Арсовска не прифати дуел со Шилегов: Барам извинување

Следна статија

Заев: Ќе се повлечам ако го загубиме Скопје, ама Владата и натаму ќе ја предводи СДСМ

Најново од Вести