|

Заев: Сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме Северна Македонија

Беше чест да се сретнам со дел од пратениците на првиот состав на Собранието на самостојна Република Македонија, којашто ги постави темелите на независноста на нашата држава, на церемонијата за доделување на орденот „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, напиша Премиерот Заев на Фејсбук.

Посебно чувство на благодарност и на почит се воспоставува на средба со претставниците на генерацијата која го понесе товарот на прогласувањето на самостојноста и на меѓународното признавање на нашата држава во редот на современите демократски држави.

Наша должност е да ја прифатиме независноста со сета почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста, и да прифатиме дека сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме Северна Македонија за нас и за идните поколенија.



Слични Објави