ЗАЕВ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СЕ СОБИРААТ НА СЕМЕЈНИ СЛАВИ
Премиерот Зоран Заев упати апел до граѓаните, преку својот фејсбук-профил, да не се собираат за време на зимските празници и на семејни слави, за да се спречи ширење на коронавирусот.
„Со приближувањето на зимските празници, апелирам да нема собирања по домовите. Да останеме скромни, воздржани и одговорни за време на славите и имендените оваа година. Тие ќе бидат тука и идната година, и тогаш, здрави и живи, ќе си честитаме и ќе прославиме согласно традицијата“, вели Заев.

