ЕВЕ КОЛКУ ДОЛГО МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ВО БЛИЗИНА НА ЗАРАЗЕН БЕЗ ДА ДОБИЕМЕ КОРОНАВИРУС

Бројот на заразени од ковид-19, во светот е близу 50.000.000, а вирусот е присутен во над 210 држави.
Опасноста од ширење на вирусот се’ уште демнее.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) неодамна ја испита „дефиницијата“ за близок контакт за време на пандемијата на коронавирусот.

Претходно, за близок контакт се сметаше лице кое минало најмалку 15 минути на растојание помало од два метра од лице заразено со коронавирусот.

Сепак, сега се верува дека тие 15 минути не мора да бидат последователни/одеднаш. Близок контакт се смета за лице кое минало време на помалку од два метра од заразеното лице минимално 15 минути, но за 24 часа.

Зошто е променета оваа информација?

Затворски чувар во Вермонт бил позитивен на коронавирус по повеќе, но кратки контакти со шест асимптоматски затвореници.

Имено, во смена од осум часа, тој имал 22 состаноци со затвореници во траење од 17 минути.

Прашањето е дали оваа информација значи дека сме безбедни ако поминеме помалку од 15 минути во близина на лице заразено со Ковид-19.

За жал, не секогаш!

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Hashtag



Слични Објави