| |

Заев: Во Босна и Херцеговина ќе се влегува со лични карти (ВИДЕО)

Македонските граѓани ќе влегуваат во Босна и Херцеговина само со лична карта, исто како и граѓаните на Босна и Херцеговина во Македонија, соопшти премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Заев најави и соработка во областа на образованието, војската, полицијата, економијата итн…

„Ова е втор конкретен чекор за олеснување на движењето на граѓаните меѓу двете земји по веќе потпишаниот договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи. Учениците во основното и средното образование и студентите во високото образование ќе се запишуваат под исти услови што важат за државјаните на двете земји. За плаќањето на школарините во двете држави ќе се применуваат еднакви критериуми кои важат и за домашните студенти. Ова не се најави ова денеска се официјални договори“, истакна Заев.

Звидиќ оцени дека меѓу двете земји нема отворени проблеми

„Македонија и БиХ се најслични земји во регионот и добро се разбираат. Се соочуваат со слични политички и економски проблеми и она што е важно имаме иста основна цел а тоа е двжење кон ЕУ“, порача Звиздиќ.

Слични Објави