|

Тројца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Италија, според италијански медиуми

Тројца македонски и еден италијански државјанин загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница, јавуваат италијанските медиуми.

Според нив до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.

Според дел од медиумите, тоа се македонски државјани кои живееле во Италија, односно се дел од „големата источноевропска заедница која со децении живее таму“. Исто така, потсетуваат и дека несреќата се случила на првиот ден од католички Велигден и на Цветници, кои православните христијани го прославуваа вчера.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција. Извори од полицијата изјавиле дека засега немаат детели за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност  знаат“ дека станува збор за фронтален судир.



Слични Објави