| |

ЗАЕВ ВО СОЛУН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО МИЦОТАКИС

Премиерот Зоран Заев денеска во Солун ќе се сретне со својот грчки колега Киријакос Мицотакис.

Заев ќе учествува и ќе се обрати на четвртиот Самит во Солун, што се одржува под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопис Павлопулос, а е организиран од Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво и Американско – грчката стопанска комора

Од кабинетот на Мицотакис соопштуваат дека средбата ќе се одржи во 18.30 часот по локално време, а еден час подоцна Мицотакис ќе се сретне и со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Слични Објави