|

ЗАЕВ: ЗА БЛОКАДАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ ОДГОВОРОТ ТРЕБА ДА СЕ БАРА КАЈ ЏАФЕРИ И КООРДИНАТОРИТЕ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ

Пари во буџетот има за реализација на петтиот пакет антикризни мерки. Буџетот е стабилен и има добра наплата и во Управата за јавни приходи и во Царината, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по средбата во Собранието со пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Потсети дека е земена еврообврзница од 700 милиони евра по најниска каматна стапка и оти наплатата и во УЈП и кај царината е поголема во однос на март минатата година.

– Финансиски сме целосно подготвени. Само во март имаме 28,6 проценти поголема наплата на царината, на акцизата и на данокот на додадена вредност од март 2020 година. Првите 10 дена, имаме 150 отсто наплата, поточно повеќе од 50 проценти наплата и во УЈП и во Царина. Податоците ги имам до 8 април и за целиот квартал и во Царина и во УЈП имаме 2 милијарди и 800 милиони денари повеќе наплатено во споредба со 2020 година. Само во осумте дена од април имаме една милијарда и 180 милиони денари повеќе наплата во споредба со осумте дена од април 2020 година од царина, истакна Заев.

Најави дека се работи на шестиот пакет мерки кој ќе биде насочен кон угостителскиот сектор кој поради рестриктивните мерки не работи во овој период.

Во однос на вчерашните случувања во Парламентот каде требаше да се донесе петтиот пакет антикризни мерки, Заев упати одговорите да се бараат кај претседателот на Парламентот, замениците и координаторите на пратеничките групи, а го осуди вчерашното насилство врз жена пратеник.

– Најмалку што треба да очекуваме од такви пратеници е извинување, рече Заев.

СДСМ денеска прес-конференција обвини дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вчера на собраниската седница се дрзнал да замолчи пратеничката Даниела Марковска и да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала.

Слични Објави