КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГИ РАШКОВСКИ

/

Судот одлучи Драги Рашковски да оди во куќен притвор.

По одморот во Мексико, заврши и политичата кариера на поранешниот генсек на Владата. Полицијата го приведе Драги Рашковски, по барање на основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Тој е првоосомничен во случајот со набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци од 81.000 евра, кој никој не го користи. Обвинителството соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување. Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.



Обвинителството се сомнева дека Рашковски ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Со тоа е предизвикана финансиска штета врз државниот буџет во висина од речиси 180 илјади евра.

Претходна статија

ЈАНША: НЕМА НОН-ПЕЈПЕР ЗА ПРЕКРОЈУВАЊЕ НА БИХ

Следна статија

ФИЛИПЧЕ ВО ВТОРНИК НА РАЗГОВОРИ ВО БЕЛГРАД ЗА СТРАТЕШКИ ПЛАН ЗА НАБАВКА НА ВАКЦИНИ ОД „ТОРЛАК“

Најново од Вести