| |

Загина бугарскиот доброволец во Украина Светослав Славков

Младиот Бугарин Светослав Славков загина во битката во Купјанск – најсеверната точка на активната линија на фронтот во моментот во војната во Украина. Тоа стана јасно од бројните објави на социјалните мрежи на неговите пријатели кои се збогуваат со него, јавува Zonanews.bg. Како што јавува Offnews Славков е првиот бугарски волонтер што загинал во одбрана на Украина од руската агресија што започна во крајот на февруари 2022 г.

Светослав имал 31 година. Активно се борел во Украина од ноември, а ден пред Нова година се дознало дека е собрана сума од 1.500 лева за да може Бугаринот добро да се опреми и да се подготви за активните борби. Ова е јасно од објавата на Фејсбук страницата „Софија, Киев, слобода“.

Според објавата на Бојан Расате на Фејсбук од ноември, Светослав Славков бил запишан како доброволец во 40-от посебен стрелачки баталјон „КОДАК“.

Светљо, како што го нарекуваат неговите пријатели, во бугарските ултрас кругови е познат како тврд навивач на фудбалскиот тим „Левски“ и храбар борец против руските агресори.

Бог да го прости Светослав Славков! Героите не умират!

Фото: Offnews.bg



Слични Објави