ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ НА ПАТОТ БОГДАНЦИ – СТОЈАКОВО ПРИ СУДАР СО КАМИОН

//

Синоќа во 22,50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило “Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово.

Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.





Претходна статија

ДЕРБИ ГО ОСЛОБОДИ ЛАМПАРД ОД ТРЕНИНГ ЗА ДА ГИ ЗАВРШИ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЧЕЛСИ

Следна статија

ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИК НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КОЈ НЕЛЕГАЛНО ВРАБОТИЛ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Најново од Вести