Ѕимас: Вучиќ, Рама и Заев, да го заборават популизмот и да ги исполнат критериумите за влез во ЕУ

//

„Лидерите на Србија, РС Македонија и Албанија треба да заборават популизмот и да ги спроведат потребните реформи, во едно со тоа и да ги исполнат критериумите потребни за да станат дел од ЕУ. Вистината е дека тие три земји се уште не се во состојба да се вклучат добро во ЕУ“, пишува познатиот грчки новинар и експерт за балкански прашања Ставрос Ѕимас во колумна за весникот „Катимерини“ пренесена од БГНЕС.

Во својот напис Ѕимас го поставува прашањето: Дали иницијативата „Отворен Балкан“ е реален приоритет на Вучиќ, Рама и Заев или е само симболичен потег за наметнување на политички притисок врз Брисел за побрзото вклучување на Белград, Тирана и Скопје во ЕУ?

Ѕимас го поставува и прашањето дали ако лидерите на овие три земји не можат да чекаат повеќе, тие имаат во план друг пат, различен од визијата „Европски Балкан“?

Познатиот грчки новинар и експерт е дециден дека Европа не се интересира од „Отворен Балкан“ туку од тоа дали трите земји ги спроведуваат реформите потребни за влез во ЕУ.



Според Ѕимас, Вучиќ, Рама и Заев треба да изберат дали ќе работат за „Отворен Балкан“ или за „Европски Балкан“, бидејќи додека се обидуваат да седат на две столици, им прават лоша услуга на своите граѓани.

Претходна статија

Семејна драма во Брвеница, маж им се заканувал на домашните: „Вечерва ќе има крв“

Следна статија

Владата на РС Македонија донесе Одлука за постоење кризна состојба на терироријата на државата

Најново од Вести