| |

ЗАГИНА ПЕШАК НА ПАТОТ КРИВА ПАЛАНКА – КУМАНОВО

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.

Во незгодата пешакот С.А. добил тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.



Слични Објави