ПЕНКАЛОТО ЌЕ НЕ ОСЛОБОДИ!

Пред секои избори слушаме ветувања од страна на големите партии и сведоци сме дека воопшто ништо не се исполнува. До кога планирате да го мамите и манипулирате народов? Мислите ли дека некој сѐ уште воопшто ви верува? Свесни ли сте дека Македонија од ден на ден е се попразна и попразна и сето тоа благодарение на вас, „големите“ СДСМ и ДПМНЕ!

Не дека е проблем тоа што се насочувате кон онаа гласачка машинерија- пензионерите, на којашто пред секои избори им ја покачувате пензијата (по 63 денари, кој срам еј!), вие тотално ги знаемаривте младите и способни кадри. И потоа немало народ во државава… Епа уште повеќе ќе нема, сите си заминуваат… Па дури и пензионерите! Се прашувам кој ќе ве гласа во иднина?! Изгледа самите себеси.

Веќе го допревме дното и да сакаме полошо не може да биде. Ние младите кои што имаме визија и знаеме што да направиме, но за жал сме немоќни, веќе размислуваме на планот Б, односно преселба во туѓа држава која и те како се грижи не само за своите државјани туку и за туѓинците. Сето тоа е повторно благодарение на вас „големите“!

Не знам колку сте свесни (веројатно не, бидејќи делувате пијано од славата и позициите) како што ја терате работава ќе бидете сурово казнети од сопствениот народ и тоа ќе бидете победени со најсилното оружје а тоа е пенкалото на изборите!!!

Сакам да упатам еден апел до сите млади лица во државава, не дозволувајте да бидете манипулирани, ослободете се од канџите на овие „големи“ партии, седнете разговарајте со вашите фамилии и познаници, убедете ги дека секој даден глас за „големите“ ние „малите“ обичните граѓани страдаме! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ПОВЕЌЕ ДА СИ ИГРААТ СО НАШАТА СЕГАШНОСТ И ИДНИНА! Родители, мајки, татковци, баби, дедовци… среќни ли сте што не можете децата и внуците ваши да ги гледате кога и да посакате, доволно ли ви е еднаш во годината?! Ако ви е доволно продолжете со старите навики, а ако не, добро знаете што треба да направите на следните избори!!!

Автор: Димитар Попандонов, член на НК на ГДУ