МНР на Бугариja со осуда за изнесени од амбасадорката на РФ Митрофанова дезинформации за војната во Украина
Министерството за надворешни работи на Бугарија ги осуди како неприфатливи и недозволиви обидите за дезинформации на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова изнесени на 12 јуни, кои влијаат на поддршката на Бугарија за Украина.
Дипломатскиот оддел ги дефинира како недозволиви хипотезите и претпоставките изнесени во текстот на обраќањето објавено на страницата на амбасадата на Руската Федерација на социјалните мрежи.
Во својот став, министерството потсетува дека Бугарија најостро ја осудува воената агресија и придонесува во меѓународните напори за поддршка на Украина, а одговорното однесување не е поврзано со какво било искривување на информациите во јавниот простор.
Причина за реакцијата се шпекулациите на амбасадорката за можно испраќање бугарска војска во Украина, што, според Митрофанова, би имало негативни последици врз дијалогот меѓу Бугарија и Русија.
