| |

ЗАКОНОТ ЗА ЈО И ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТ НА ЈО ЌЕ БИДАТ ДОНЕСЕНИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

Пратениците одлучија дека законот за Јавно обвинителство и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Совет на Јавно обвинителство ќе бидат донесени по скратена постапка во Собранието.

За скатена постапка гласаа 63 пратеници, додека 32 пратеници беа против за предлогот законот за ЈО да се донесе по скратена постапка.
Сега Предлог законот треба да помине на собраниската Комисија за европски прашања, па потоа пратениците да гласаат за негово донесување.

Опозицијата побара од спикерот Талат Џафери да ги врати законите до Владата бидејќи се доставени неделовнички и нема одлука на Влада ниту за повлекување на материјалот, ниту за новиот предлог.

„Вие треба да го вратиме овој материјал бидејќи на седницата на Владата нема одлука за повлекување, ниту одлука за доставување на нов материјал во Собранието. Врз основа на ова, предлозите се неделовнички и согласно Деловникот имате обврска и право да го вратите предлогот до Владата и таа откако на седница ќе ги помине, да ви ги достави предложените зкаони за да може да закажате седница. Вака вие учествувате во кршењето на Деловникот на Собранието“, изјави коориднаторот на пратениката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Слични Објави