| |

Заменик министерката за надворешни работи на Бугарија: Нема потреба од вето за Северна Македонија, тие самите си го наметнуваат

„Правиме сѐ што е можно да покажеме како јазикот на омраза, ненавремено адресиран, прераснува во криминални дела. Не случајно јазикот на омраза е поставен како дел од критериумите за европскиот пат на РСМ. “, рече заменик министерката за надворешни работи Велислава Петрова во емисијата „Денот ON AIR“, на бугарската телевизија BG On Air.

Таа нагласи дека РСМ дава многу ветувања, но нема адекватни последователни дејствија по антибугарските манифестации и тоа станува причина за ескалација на ситуацијата.

Важно е да му покажат на сопственото општество дека за да биде европско, мора да има нулта толеранција за такви манифестации“, посочи Петрова.

Таа коментира дека по усвојувањето на преговарачката рамка од страна на ЕУ, Македонците чувствуваат дека преговорите се веќе започнати.

„Погрешно создадоа големи очекувања во општеството дека ќе продолжат и без промена на Уставот. А според одлуката на сите држави, мора да го направат, тоа не е ангажман кон Бугарија, туку кон целата ЕУ“, појасни Петрова.

Заменик министерката за надворешни работи беше категорична дека Бугарија нема потреба да става вето за почеток на преговорите со РСМ.

„Тие се во самонаметнато вето, јасно е напишано дека за да го продолжат патот кон евроинтеграциите, мораат да го сменат Уставот. Сѐ додека не го направат тоа, вистинските преговори нема да започнат. Доколку сакаме, безброј пати можеме да ставиме вето, но крајната цел е овој регион да се интегрира, така ќе биде многу полесно да коегзистираме со нив, но тоа може да се случи кога ќе ги исполнат критериумите“, додаде Петрова.

Слични Објави