ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЛАЗОВСКИ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВ. КИРИЛ ВО РИМ“

Заменик-министерот Владимир Лазовски е дел од државната делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Чествување на св. Кирил во Рим“.

Делегацијата е предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а меѓу членовите на делегацијата се и: Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата; Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници, како и пратеници од Собранието.

Државната делегација утре претпладне ќе присуствува на аудиенција кај Светиот Отец на Римокатоличката црква во Ватикан, по што претседателот Џафери ќе оствари средба со папата Франциск и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Претходно, ќе се одржи молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што делегацијата на Република Северна Македонија ќе положи венец на гробот на св. Кирил. Ќе биде положено цвеќе и пред плочата на Република Северна Македонија во чест на св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Во вечерните часови, делегациите на Република Северна Македонија и на Народна Република Бугарија ќе организираат заедничка културна програма, на која свој настап ќе имаат уметниците од Република Северна Македонија, Весна Ѓиновска Илкова и Дино Имери.