|

Запален автомобилот со кој се возел заменик-директорот на затворот „Идризово“

Возило кое го управувал заменик-директорот на затворот „Идризово“, Феми Јоунузи е запалено во Студеничани. Според пријавата во полиција, возилото било запалено вчеравечер, неколку минути по 21 часот. Возилото е службено, од затворот со кој тој раководи.

„Во Полициската станица Драчево, С.Ј.(45) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 21.15 часот во с.Студеничани било опожарено патничко возило „фолксваген пасат караван“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а кое претходно тој го паркирал“, велат од МВР за „Макфакс“.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични Објави