| |

Започнаа бесплатните превентивни медицински прегледи за жителите на Мала Преспа, финансирани од д-р Милен Врабевски

Денеска официјално започна третото по ред издание на кампањата со бесплатните превентивни медицински прегледи за жителите на областа Мала Преспа во Албанија – регион населен и со жители со бугарско потекло, јавува Фондација „Бугарска памет“.

Иницијативата е организирана и финансирана од Фондација „Бугарска Памет“ и нејзиниот претседател, д-р Милен Врабевски, по молба на градоначалникот на општина Пустец, Мала Преспа – Пали Колефски. Целта е да се обезбеди пристап до високо-специјализирана медицинска помош во регионот кој се соочува со сериозен недостиг од профилирани здравствени услуги.

Во поликлиниката во с. Пустец, тимови од лекари од УМБАЛ „Св. Иван Рилски“ – Софија, Медицинскиот центар „Хајделберг“, УМБАЛ „Свети Георги“ – Пловдив и „Reverse Dermatology“ веќе започнаа со прегледи на пациентите.

Слични Објави