ШАХПАСКА: СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА СЕ УНАПРЕДУВААТ ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

/

Со новиот Закон за социјална заштита, се воведуваат низа мерки кои го унапредуваат квалитетот на животот на лицата со попреченост и нинвите смејства, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

„За првпат воведуваме надоместок за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во износ од 7.204 денари месечно.  Воведуваме две услуги во домот на лицата со попреченост а тоа се: помош и нега и лична асистенција. Покрај тоа, овие услуги можат да се добиваат истовремено, со надоместок за помош и нега од трето лице или со додатокот за попреченост“, појасни таа.

Шахпаска рече дека е обезеден  паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи. Висината на овој надоместок изнесува 50 отсто од просечната нето плата на родителот во претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во претходната година во Република Северна Македонија. При тоа овие семејства истовремено може да добиваат услуги во домот како нега и помош или лична асистенција.

Родителот кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, а при тоа има навршени 62 години за жена, односно 64 години за маж може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари.



Дополнително, рече Шахпаска, социјалните услуги ќе станат поблиски до граѓаните, односно ќе се децентрализираат на ниво на локалните самоуправи со лиценцирани даватели на услуги.

Извор: Макфакс

Претходна статија

СРБИЈА ВОВЕДУВА СУРОГАТ МАЈЧИНСТВО, РАЃАЊЕТО ЗА ДРУГ ЌЕ ЧИНИ ДО 15.000 ЕВРА

Следна статија

ЈОВЕСКИ: НЕ ПОСТОЈАТ ПРЕЧКИ ЗА ИНТЕРПОЛ ДА ОБЈАВИ ПОТЕРНИЦА ПО ГРУЕВСКИ

Најново од Вести