Започнува 75-то издание на туристичкиот поход „По стапките на Ботевата чета“
Започнува 75-тото издание на националниот туристички поход „По стапките на Ботевата чета“ од Козлодуј до историскиот врв Околчица во Врачанскиот балкан.
Пешачењето по патеката на подвигот Ботев е најстарата и најпопуларна туристичка манифестација во Бугарија. Годинава во истата учествуваат близу 1.500 луѓе од 16 области во државата. 1200 од учесниците се ученици. :
„Според мене, ова прво ги учи на патриотизам – да ги почитуваат вредностите на Бугарија и делумно да се дисциплинираат. Ако нема дисциплина, нема успех“, вели за БНР Евгени Филипов, долгогодишен водач на походот.
Планинарите во следните пет дена ќе ја поминат патеката долга 120 километри по патот на Ботевата чета од Козлодуј до врвот Околчица.
„Ова е местото каде што луѓето трчале устремени само со мислата за Бугарија. Ние не треба да трчаме, треба да одиме и да ја држиме главата надолу“, додава Филипов.
