Бугарското министерство за туризам започнува новата дигитална рекламна кампања „Come and Enjoy the Cool Weather in Bulgaria“
Започнува новата дигитална рекламна кампања на Министерството за туризам „Come and Enjoy the Cool Weather in Bulgaria“ („Дојдете и уживајте во прекрасната клима во Бугарија“).
Таа ќе ја промовира земјата како привлечна, достапна и разновидна дестинација за летен одмор. Кампањата ќе се реализира преку платформите Google и Meta и ќе достигне до милиони потенцијални туристи на клучни европски пазари – Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Германија, Обединетото Кралство, Турција, Полска, Чешка и Словачка.
Во услови на сè почести и подолготрајни топлотни бранови во Европа, Бугарија нуди можност за удобен летен одмор, кој комбинира посвежа клима, убава природа и богата разновидност на туристички доживувања.
Со пораката „Come and Enjoy the Cool Weather in Bulgaria“ кампањата става акцент врз конкурентските предности на земјата – морски и планински одмори, балнео и СПА-туризам, културни маршрути, активен одмор во природа и автентична бугарска кујна.
Целта е таа да биде позиционирана како модерна и сигурна европска дестинација, каде што туристите можат да избегаат од екстремните летни температури, без да прават компромис со квалитетот и разновидноста на својот летен одмор.

